ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Нашата служба за гинекологија и акушерство нуди сеопфатна грижа за женското здравје – од превентивни прегледи и контрацепција до следење на бременост и постпородилен период. Пристапот ни е нежен, дискретен и професионален: јасно објаснуваме, одговараме на прашања и креираме план за нега заедно со пациентката.

Што правиме?

  • Гинеколошки преглед и консултација
  • ПАП-тест, HPV тестирање и советување; колпоскопија
  • Трансвагинален/абдоминален ултразвук
  • Скрининг и третман: инфекции, нерегуларни циклуси, ендометриоза, миоми, цисти
  • Прегледи за плодност
  • Климакс/менопауза: терапевтски план и поддршка
  • Акушерство: првичен и редовен пренатален преглед, лаборатории, фетален ултразвук, НТ-скрининг, морфологија

За кого е наменето

  • Симптоми: болки, печење, необичен исцедок, неправилни циклуси, обилни крварења
  • Планирање на бременост или проценка на плодност
  • Бремени пациентки – од прв преглед до термин

Доктори од овој оддел

Александар Петров

Специјалист по гинекологија и акушерство